Трета фаза Сопиште – Теферич – Кисела Вода

Со задоволство ве известуваме дека во соработка на: центарот за развој на Скопскиот плански регион, општина Сопиште и општина Кисела Вода ќе продолжи реконструкцијата на патот Сопиште Кисела Вода преку Теферич.

полесна комуникација, побезбеден пат, економски развој на регионот.

Се претпоставува дека овој пат го користат голем број на жители од сите населени места во општина Сопиште, како и голем дел на жители на градот Скопје, кои за викендите ги посетуваат различните делови на општина Сопиште, за рекреација, спорт, за почист воздух.

Потпишан договор за соработка

Со завршување на овој проект, голем дел од сообраќајот кој во моментов се одвива на улицата Хрито Татарчев, ќе биде пренасочен преку улицата „Мариовска“ (популарно викана Теферич)

Овој договор дополнително ја зацврстува соработкана на овие две соседни општини и им нуди подобри услови како на жителите на Општина Сопиште, така и на жителите на Општина Кисела Вода (и на градот Скопје воопшто) кои сообраќаат кон селата Ракотинци, Горни и Долно Соње, Говрлево, како и Према Козјак и Македонски Брод.