ПЛАН ЗА УСЛУЖНИТЕ ДЕЈНОСТИ


Одржувањето на јавната чистота е континуиран процес кој обезбедува трајно и  квалитетно чистење на:

  • Индивидуални објекти-сите сопственици односно корисници на објекти се должни сметот редовно да го собираат и оставаат на места определени за таа намена
  • Правните лица -што ги вршат работите на одржување на јавната чистота се должни сметот од јавните површини редовно да го собираат и оставаат на места определени за таа намена
  •  јавните површини кои по поројните дождови се прикриени со наноси од песок и друг матријал се чистат веднаш по престанувањето на врнежите и имаат приоритет пред другите активности
  • Чистење на дивите депонии се врши со соработка на одделението за комунални работи, при што исчистените депонии ќе се потврдуваат еднаш месечно со доставен извештај од ЈКП Сопиште до одделението за комунални работи.
  • Грижа и одржување на веќе оформените паркови, тревници и пешачки патеки
  • Полевање, косење, кроење, окопување и чистење на површините, замена и отстранување на оштетени и исушени садници со други
  • Надзор и контрола на урбаната опрема која е поставена на територија на Општина Сопиште

МЕТЕЊЕ НА ЈАВНИ ПОВРШИНИ И УЛИЦИ

Метење на улици и тротоари – рачно метење ќе се врши еднаш неделно во зимски период од 07.00 до 14.00 часот и летен период од 07.00 до 11.00 часот. Изведувачот е должен да ги празни корпите за отпадоци на јавните површини.

Јавни површини и улици

 

Населено место

Временски период

Спортско рекреативни објекти, детски игралишта и пешачки патеки

Сопиште, Ракотинци Добри Дол, Долно Соње

 

Еднаш неделно

Улица 1

Сопиште

Еднаш неделно

Улица 2

Сопиште

Еднаш неделно

Улица 1

Ракотинци

Еднаш неделно

Улица 1

Добри Дол

Еднаш неделно

Улица 1

Горно Соње

Еднаш неделно

Улица 1

Долно Соње

Еднаш неделно

Улица 8

Долно Соње

Еднаш неделно

Улица 1

Чифлик

Еднаш неделно

СОБИРАЊЕ НА ОТПАД

Собирање на отпадоците од улиците и населените места, празнење на садовите за отпадоци, косење на трева од банкини, сечење на дрва поред улица, собирање листови од дрва на улици и метење на сите останати улици по населени места. Оваа активност се спроведува еднаш во две недели.

Собирање на отпадоците од и покрај главните патни правци кои ги поврзуваат населените места во општината и празнење на садовите за отпадоци поставени на јавните површини. Оваа активност се спроведува еднаш во две недели. Растителниот отпад кој настанува со косење на трева, сечење на дрва, чистење на троскот, лисја, отпад од градини и отпад од растително потекло од урбаното подрачје на Општина Сопиште во 2019 година се предвидува да се отстрани со поставување на контејнери со капацитет од 1.0 м3 и нивно чистење и ротирање на повеќе локации во Општината.