Демографија

1301
0
SHARE

Според податоците од пописот на населението, домаќинствата и становите во Р.Македонија 2002 година Општина Сопиште има 5656 жители, (1510 домаќинства, 3398 станови) , кој живеат во 13 населени места од збиен тип, со отсуство на класичен урбан центар.

Во општината постојат следните населени места:

Сопиште  1365
Ракотинци  394
Добри Дол  431
Долно Соње  707
Горно Соње  240
Барово  24
Говрлево  31
Чифлик  664
Света Петка  718
Јаболце  44
Нова Брезница  89
Држилово  365
Патишка Река  584

 

Во минатото поради депопулационата политика кон селата имало големо движење од селата кон градот. Денес евидентно е враќањето на населението во селата делумно предизвикано од ослабената економска состојба, но и од наметнатиот нов тренд на живеење значајна е и миграцијата град село кое население останува како постојано жителство во рамките на нашата општина со што се создаваат населби од урбан карактер.

Бројот на населението во општина Сопиште е релативно стабилен, со тенденција на бавен природен прираст. за разлика од високиот природен прираст од минатото, кој што денес е во процес на опаѓање и стационарно експанзивната старосна структура се должи на две карактеристики на популацијата на општината.

– висок природен прираст во четири населби од муслиманска вероисповест.
– демогравската стабилност на популацијата во некои од населбите во приградската зона на Скопје каде степенот на регресија на населението е правопропорционално со одалеченоста од Скопската агломерација и отсуството на функционално-атрактивни фактори.

* Вкупно население според национална припадност во Општина Сопиште:

Македонци 3404
Албанци  1942
Турци  243
Роми  /
Власи  4
Срби  32
Бошњаци  /
Останати  31
Вкупно  5656

 

SHARE
Previous articleХидрографија
Next articleКултура