Економија

Економските карактеристики на Општина Сопиште се мошне специфични поради уникатниот сплет на природни, општествени и историски фактори, но и силната гравитациска врска на овој регион со скопската агломерација. Општо земено, можат да се издвојат неколку карактеристики на ова подрачје:

• релативно висока искористеност на земјишниот фонд
• хетерогена структура на аграрното земјиште, со голем број земјоделски култури и низок степен на механизација
• отсуство на индустриски објекти, вработеност на населението надвор од територијата на општината
• релативно добро развиена инфраструктура

Во Општината постои реска граница меѓу различните зони на земјоделско производство, поради силната просторна променливост на природните чинители. Во басенот на Маркова река доминираат површини наменети за поледелско и овоштарско производство, при што житните и градинарските култури се распространети најмногу во пониските делови, додека во повисоките делови се застапени насади со пченка, јачмен, овоштарници, градинарски или фуражни култури. Повисоките тераси со јужна или источна експозиција се засадени со винова лоза или криофилни водови на зеленчук.
Значаен дел од општината е под шума (40%), која има економско значење и интензивно се експлоатира, особено во атарот на с. Држилово и Патишка река, а западно од потегот Караџица-Кула, се наоѓа резерватот “Јасен”, во кој сечата е минимална.

Сточарството е слабо развиено. Главно станува збор за полуномадски тип на одгкедување на 100-ина говеда и околу 2000 овци.
Во Општина Сопиште не постојат индустриски претпријатија. Најголем дел од населението е вработено во секундарните и терцијарни дејности во Скопје. Степеност на вработеност изнесува околу 40% од работоспособното население.

Сообраќајната инфраструктура на општината е добро развиена, со вкупно околу 200 км патишта, од кои 120 км се асфлатирани (60 км од регионален карактер), додека останатите се макдамски или земјани патишта.
На територијата на општината се регистрирани околу 30 претпријатија во трговската и угостителска дејност.
Севкупно гледано, стопанскиот развој на Општина Сопиште е нераскинливо врзан со скопската агломерација и е високо осетлив на сите процеси кои се случуваат во Скопје.


Јавна дебата во Општина Сопиште


Зголемување на моќта на граѓаните во нивното влијание
на локалните политики на општина Сопиште финансиски поддржан
од Фондација Отворено Општество – Македонија

* податоците се преземени од ЦЕА (CEA)