Стоматолошкиот факултет – Скопје и Општина Сопиште потпишаа меморандум за соработка

Деканот на Стоматолошкиот факултет – Скопје во состав на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј’’ во Скопје, проф. д-р Ќиро Ивановски и градоначалникот на Општина Сопиште, м-р Стефче Трковски, потпишаа меморандум за соработка.

Со меморандумот се предвидени реализирање на заеднички активности со цел унапредување на оралното здравје кај:

  • Децата од предучилишна и училишна возраст;
  • Лица кои потекнуваат од семејства со социјален ризик;
  • Лица корисници на пензија;

Целта на заедничката соработка е подигнување на свеста и поттикнување на семејствата и заедницата за преземање мерки за превенција на оралните заболувања како и намалување на штетните последици кои ги предизвикуваат истите.

📌Активностите ќе започнат со почетокот на учебната 2023/2024 година.