Проект – Селектирање на Отпад

Продолжуваме со проектот селектирање на отпад

Општина Сопиште во соработка со Пакомак започна со селектирање на пластичниот отпад од секој претплатник на услугите на ЈКП Сопиште.

Проектот првично започна во населеното место Сопиште и продолжува во останатите населени места.

Проектот предвидува делење на дополнителна канта во жолта боја од 120 литри на секој корисник на ЈКП Сопиште каде ќе се селектира пластиката и истата ќе биде подигната од страна на ЈКП Сопиште.