ПРОДОЛЖЕН РОКОТ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ БАРАЊЕ ЗА ЛЕГАЛИЗАЦИЈА

Доколку првпат поднесувате барање за легализација, истото може да го поднесете само со комплетна документација најдоцна до 31.12.2018 година

Приемот на геодетски елаборати и комплетирање на барањата за легализација поднесени во 2015 и 2016 година ќе се врши најдоцна до 30.06.2018 година.

Барања за легализација поднесени во 2011 година, доколку не биле комплетирани со геодетски елаборат до 31.12.2016 година се веќе одбиени. (доколку не сте добиле Решение за одбивање ве молиме да го подигнете од одделение за урбанизам при Општина Сопиште)

Подносителите на барање за легализација кои претходно имале барање за легализација кое било одбиено заради не-навремено донесен геодетски елаборат, можат да поднесат ново комплетирано барање (со геодетски елаборат и останата пропратна документација до 30.06.2018 година

ПРАВО ДА ГО ЛЕГАЛИЗИРАТЕ ОБЈЕКТОТ ИМАТЕ САМО ДОКОЛКУ:

  • Објекот е изграден пред стапување на законот за легализација 2011 година и истиот претставува градежна и функционална целина со завршени инсталатерски работи.
  • Имате поднесено барање за легализација во законски рок.
  • Во имотен лист барателот е запишан како сопственик на парцелата, или
  • Имате изјава заверена на нотар од лицето/лицата кое во имотниот лист е запишано како сопственик/сосопственик на парцелата на која е изграден објектот, или
  • Парцелата на која е изграден објектот во имотниот лист е запишана како сопственост на Р. Македонија.
  • Парцелата на која е изграден објектот во времото кога истиот е граден била сопственост на РМ (доказ – изјава од барателот кога е граден објектот и историјат за парцелата од катастар)

Потребни документи

Барање (се поднесува во предна канцеларија)(кликни на текстот за да превземање)
(доколку барањето не е поднесено комплетно истото ќе биде веднаш одбиено, без можност истото да се дополни. Се поднесуваат само барања со комплетна документација)
(рокот за поднесување барање истекува на 31.12.2018 година односно 30.06.2018 година за подносителите кои претходно имале барање одбиено заради не-навремено донеен елаборат)

Доказ за уплата на административна такса 
(кликни на текстот за да ја превземеш уплатницата)

Копија од лична карта или пасош, односно извод од централен регистар за правни лица.

Геодетски елаборат (да се достави заедно со барањето надоцна до 31.12.2018 год. односно 30.06.2018 год. за барањата поднесени во 2015 и 2016 година како и за барањата поднесени по втор пат кои претходно биле одбиени заради не-наверемено донесен елаборат)

Доказ за приклучок на инфраструктура –  постара сметка од струја или вода од пред 2011 година
или
Изјава заверена на нотар со која барателот ќе изјави дека објектот е изграден пред законот за легализација.

Доказ за право на легализација (не постар од 6 месеци)

  • Имотен лист за парцелата на која е поставен објектот на кој како сопственик е запишан поднесителот на барањето, или
  • Изјава заверена на нотар од сопственикот или сосопственикот на парцелата со која ќе се согласи да се легализира објектот и истиот да се запиш во катастар на име на барателот, или
  • Изјава заверена на нотар од барателот со која ќе изјави дека парцелата на која е изграден објектот ја користи повеќе од 20 години, но само доколку во имотниот лист како сопственик на парцелата се води Р. Македонија, а како корисници се јавуваат и лица кои не се баратели, или
  • Историјат за движење на катастарската парцела и изјава заверена на нотар дека објектот е изграден во време кога парцелата била сопственост на Република Македонија. (доколку парцелата на која е израден објектот е сопственост на лице кое не е барател во постапката за легализација)или
  • Имотен лист со запишано право на сопственост на Р. Македонија.

Уплатница за надомест за легализација според изготвена пресметка согласно доставена пресметка
(кликни на текстот за да ја превземеш уплатницата)

документи за промена на барател

превземи барање за промена на барател (кликни превземи барање за да го испринтате)
превземи образец-изјава за промена на барател (кликни превземи барање за да го испринтате)

Последните измени на законот за легализација во врска со промена на барател 

1. ПРОМЕНА НА БАРАТЕЛ СЕ ВРШИ НАЈДОЦНА ДО ИЗДАВАЊЕ НА РЕШЕНИЕ ЗА ЛЕГАЛИЗАЦИЈА САМО ЗА БЕСППРАВЕН ОБЈЕКТ ЗА КОЈ Е ПОДНЕСЕНО БАРАЊЕ.

2. БАРАЊЕ ЗА ПРОМЕНА НА БАРАТЕЛ МОЖЕ ДА ПОДНЕСЕ ФИЗИЧКО ИЛИ ПРАВНО ЛИЦЕ-ФИРМА САМО ДОКОЛКУ БАРАТЕЛОТ ЗА ПРОМЕНА НА БАРАТЕЛ:

А. СЕ СТЕКНАЛ СО ПРАВОТО ВРЗ БЕСПРАВНИОТ ОБЈЕКТ  ВРЗ ОСНОВА НА СУДСКА ПРЕСУДА.

Б. СЕ СТЕКНАЛ СО ПРАВОТО НА БЕСПРАВНИОТ ОБЈЕКТ ВРЗ ОСНОВА НА ЗАКЛУЧОК ЗА ИЗВРШЕНА ПРОДАЖБА СОГЛАСНО ЗАКОН ЗА ИЗВРШУВАЊЕ.

В. Е ЛИЦЕ КОЕ СО  ОСТАВИНСКО РЕШЕНИЕ Е ПРОГЛАСЕНО ЗА НАСЛЕДНИК НА ПОДНОСИТЕЛОТ НА БАРАЊЕТО.

Г. Е ЛИЦЕ КОЕ СО ДОГОВОР А КУПОПРОДАЖБА СЕ СТЕКНАЛО СО ПРАВО НА СОПСТВЕНОСТ НА ОБЈЕКТ КОЈ Е ЗАПИШАН ВО ИМОТЕН ЛИСТ, А ВО ДОГОВОРОТ ЗА КУПОПРОДАЖБА Е УТВРДЕНО ДЕКА СЕ СТЕКНУВА И СО ПРАВО ВРЗ БЕСПРАВНИОТ ДЕЛ ОД ОБЈЕКТОТ ЗА КОЈ Е ПОДНЕСЕНО БАРАЊЕ ЗА ЛЕГАЛИЗАЦИЈА.(ВО СЛУЧАЈ КОГА БАРАЊЊЕТО СЕ ОДНЕСУВА НА БЕСПРАВЕН ДЕЛ ОД ОБЈЕКТ –ДОГРАДБА ИЛИ НАДГРАДБА)

3. СО БАРАЊЕТО ЗА ПРОМЕНА НА БАРАТЕЛ СЕ ДОСТАВУВА :

А. КОПИЈА ОД ЛИЧНА КАРТА ИЛИ УВЕРЕНИЕ ЗА ДРЖАВЈАНСТВО ИЛИ ПАТНА ИСПРАВА ЗА СТРАНЕЦ ИЛИ ИЗВОД ОД ЦЕНТРАЛЕН РЕГИСТАР ЗА ПРАВНО ЛИЦЕ-ФИРМА.

Б. А-ПРАВОСИЛНА СУДСКА ПРЕСУДА ИЛИ Б- ЗАКЛУЧОК ЗА ИЗВРШЕНА ПРОДАЖБА ИЛИ В- ОСТАВИНСКО РЕШЕНИЕ ИЛИ Г-ДОГОВОР ЗА КУПОПРОДАЖБА

В. ПО БАРАЊЕТО СЕ ОДЛУЧУВА СО ЗАКЛУЧОК ЗА ПРОМЕНА НА БАРАТЕЛ ОДНОСНО ЗАКЛУЧОК ЗА ОДБИВАЊЕ НА БАРАЊЕТО И ПРОТИВ ОВОЈ ЗАКЛУЧОК Е ДОЗВОЛЕНА ПОСЕБНА ЖАЛБА КОЈА ТРЕБА ДА Е НАВЕДЕНА ВО ДЕЛОТ УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО КОЕ ТРЕБА ДА Е СОСТАВЕН ДЕЛ НА ЗАКЛУЧОКОТ ЗА ПРОМЕНА НА БАРАТЕЛ.

ПОСТАПКИТЕ ЗА ПРОМЕНА НА БАРАТЕЛ ЗАПОЧНАТИ ПРЕД 08.01.2015 ГОДИНА ЌЕ ПРОДОЛЖАТ ПО СТАРИОТ ЗАКОН.

пребивање на комуналии

ВО СЛУЧАЈ КОГА Е ПОДНЕСЕНО БАРАЊЕ ЗА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ И Е СЕ ПЛАТЕНИ КОМУНАЛИИ, А ОБЈЕКТОТ Е ИЗГРАДЕН БЕЗ ИЗДАДЕНО ОДОБРЕНИЕ ИЛИ СПРОТИВНО НА ОДОБРЕНИЕТО ЗА ГРАДЕЊЕ НЕ СЕ ПРЕСМЕТУВА НАДОМЕСТОК ЗА ПОВРШИНАТА ЗА КОЈА СЕ ПЛАТЕНИ КОМУНАЛИИ, А ЗА ПОВРШИНАТА ЗА КОЈА НЕ СЕ ПЛАТЕНИ КОМУНАЛИИ СЕ ПРЕСМЕТУВА НАДОМЕСТ ОД 122 ДЕНАРИ ПО М2.

за лица од категоријата социјални случаи

Лицата кои се корисници на социјална парична помош или на постојана парична помош, треба да извадат само потврда од Центрите за социјална работа дека се корисници на такво право и истата таа потврда да ја однесат во Агенцијата за Катастар за недвижности на шалтер каде што ќе им биде доставен образец да го пополнат, да го пријават своето барање, да го запишат и бројот на поднесокот за основната легализација и потоа во соодветен период ќе се реализира изработката на елаборат од страна на државниот Катастар.

Лицата пак, кои не се корисници на социјална или постојана парична помош, но се лица со ниски примања до 168 илјади денари годишно на ниво на домаќинство, треба да извадат потврда од страна на УЈП и по истата процедура да ја достават до Катастарот.

Пред да се поднесе барање за изработка на бесплатен елаборат во катастар, потпребно е во Општината да се извади потврда дека лицето корисник на социјална помош, односно лицето со ниски примања има поднесено барање за легализација (превземи барање)

Иако рокот за поднесување е до 31 декември 2015 година, се препорачува социјално загрозените лица што побрзо да ја искористат оваа можност, бидејќи ќе имаат поголема корист.

Барателите, кои се корисници на социјална помош не плаќаат надоместок за утврдување на правен статус на бесправен објект, при што истите се должни да достават потврда од надлежен орган дека се корисници на социјална помош.

увид во предмет за легализација

Приклучок на стуја за легализиран објект

Доколку сакате да легализираниот објект да го приклучите на дистрибутивната мрежа на ЕВН потребно е да поднесете барање во ЕВН КЕЦ Аеродром. Покрај решението за легализација на објектот за да добиете стандарден приклучок потребен ви е Извод од урбанистички план издаден од општината (превземи барање).

Извод од урбанистички план може да се добие само за населените места Сопиште и Горно Соње, за останатите населени места сеуште нема важечка планска документација и не може да се добие стандарден приклучок. Во блиска иднина се очекува одобрување на планска документација за населените места Ракотинци, Добри Дол, Долно Соње и Света Петка. За останатите населени места планската документација сеуште не е изработена.

Контакт со одделенито за урбанизам во Сопиште (во врска со легализација на бесправно изградени објекти)