Климатски Одлики

На просторот на општината не постојат мерни метеоролошки пунктови, затоа климатските карактеристики за овој простор треба да се определат врз основа на корелација на податоците од околните мерни станици.

Врз основа на таквите анализи средната годишна температура во општина Сопиште е околу 110С, иако тие варираат од 120С до 0oС (имено, средната годишна температура на Солунска глава е -0,60С).

Во поглед на врнежите, тие се со поголем интензитет во однос на Скопската котлина и варираат меѓу 600 и 1000 мм, во зависност од надморската височина.
Средногодишната инсолација е помеѓу 45-50%, но во однос на Скопската котлина значително поголема во месец декември, што многу поволно се одразува на населбите заради нивната присојан поставеност.

Во целина просторот се карактеризира со преод меѓу умерно-континентална и планинска клима. Најповолни одлики има Каршијак, кој заради својата присојна поставеност поседува помали температурни осцилации, поголеми врнежи, поинтензивно осончување и мала честина на магли, поради што во овој дел се лоцирани дури 11 од 13-те населби во оопштината, што укажува дека климатскиот фактор е промотивен, забрзувачки чинител во процесот на развојот на населбите.

Метеоролошки податоци од 2009  до 2013 година за територијата на Општина Сопиште (кликни на линкот за преземање)