3 години менаџирање со Општина Сопиште

Денес одбележуваме три години од моето менаџирање со Општина Сопиште.
Во изминатиот период Општина Сопиште беше под целосна финансиска блокада со енормно големи долгови за една рурална општина.
И покрај тешките услови, успеваме да ги реализираме повеќето предвидени проекти и успешно да ги обавуваме основните дејности во корист на жителите на Општина Сопиште.
Денес се исплатени поголем дел од задолжувањата/долговите:
📌 82.700.708 ден кон МВР за полициска асистенција во с. Патишка Река од 2010 год
📌 7.138.353 ден кон ЕЛЕМ за неплатена електрична енергија за улично осветлување од 1996 до 2013 година
📌 5.000.000 ден неплатени фактири на доверител Алкон проект за период 2010-2013 година
Продолжуваме со реализација на предвидените проекти, се со цел пристоен живот на жителите во Општина Сопиште.

Со почит,

Стефче Трпковски
Градоначалник на општина Сопиште


ОПШТИНА СОПИШТЕ Локална самоуправа  ул.2 бр.2, Сопиште 1054, Р. Македонија тел. (02) 27 85 100 факс. (02) 27 85 109 маил: info@opstinasopiste.gov.mk