Култура

Општината Сопиште на својата територија го има Говрлево, едно од нејзините 13 села, кое располага со прочуениот археолошки локалитет од пред 5000-7000 години пред новата ера. Ова археолошко наоѓалиште во себе содржи Археологијата со толкава старост која е ретка во светот и наоѓа во врвот на ранг-листите за истражувања и откритија кај научниот свет. Говрлево е наша гордост во Општината и сестран предизвик, што му дава белег на македонски , балкански и европски културен бисер од далечното минато на овој простор.

Според говрлевските наоди, со богатите откритија на стари неолитски предмети, како докази, се смета  дека со нив е почетокот на европската цивилизација. Меѓу поретките пронајдени предмети на локалитетот “Говрлево” се Голиот Адам ( за кој научниците велат дека е единствен археолошки раритет во светот, кој спаѓа меѓу 10-те светски најзначајни археолошки наоди и претставува споменик на човештвото ) и Големата Мајка или Мајката Богинка. Овие две фигури се продукција и симбол на плодноста, основата на животот и човечките фундаметални вредности за сите времиња.

Фрапира староста со илјадниците години кај овие два меѓународни артефакта и нивната длабока предуховеност на човекот уште од тие исконски времиња како суштество од создавањето до денешни дни. Во некои европски земји најдени се и други фигури на Големата Мајка – Богинка,меѓутоа говрлевската по вредност, облик, продуховеност и значење, ги надминува сите, заземајќи го првото место. Истото е и со Голиот Адам, кој е олицетворение на маж со сите одлики на полот, со сите психо -физички особини и симбол на цврстина, волја, самоувереност и храброст, изразени преку ставот, положбата и пораките што зрачат од него. Во Говрлево се пронајдени и натписи со чудесно откритие на писмото и јазикот што уште тогаш го употребувале, а може да се дешифрира со нашиот денешен македонски јазик. За тоа најдобро сведоштво се двата царски печата со јасни графеми, црти и пораки што ги практикувале царските династии и владетелите.

Значи во Говрлево имало цивилизација на највисоко ниво, имало царства, имало култура за восхит на достигот пред толку илјади години. Секако, мала е нашата претстава , од сегашен агол гледано, за тоа каков раскош тука пулсирал, какви им биле секојдневијата со стандард и убавина според богатата природна разноликост и плодородие,покрај брзата и бистра река (Брзовец), густи шуми, ретки глетки, опојлив воздух, функционален сообраќај и комуникација, трговски врски и државно царско устројство.  Тука имало здрава флора и фауна, ендемична и за поширокиот регион – од диви животни ( лавови, рисови, мечки, лисици и др.) до домашен добиток што и денес го имаме како бледа слика од тоа минато.

Во таа смисла нашата Општина вложува напори да се продолжи со натамошните откритија во Говрлево, како компететна локална самоуправа и да ви покаже вам на светот кој е и што е тој локалитет, зошто е голема и неодминлива неговата  културна придобивка. Локалитетот во Говрлрво е од исклучителна важност не само за Општината Сопиште, туку и за Македонската цивилизација со Милениумски континуитети за Балканот и Европа.

Затоа Говрлево спаѓа во ретките потенцијални, археолошки , културни, туристички, историски и економско стратешки дестинации со перспективен развој. Во тој правец Општината вложува напори да се почне со негово институционализирање, презентирање и анимирање пред јавноста кај нас и во светот.