ПОСТАПКА ЗА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ

ГЛАВЕН ПРЕДУСЛОВ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ГРАДЕЖНА ДОЗВОЛА Е ПАРЦЕЛАТА ДА СЕ НАОЃА ВО ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАНИ СО ПЛАНОТ ДА E УТВРДЕНА ГРАДБА ЗА КАКВА ШТО СЕ ПОДНЕСУВА БАРАЊЕТО. ПЛАНОТ ГО ИЗРАБОТУВА ОПШТИНАТА ИЛИ ЗАИНТЕРЕСИРАНА СТРАНКА.

Прв чекор во постапката за издаваање на одобрение за градење е поднесување на барање за извод од урбанистички план кое се поднесува во Општина Сопиште.Со барањето се доставува следната пропратна документација:

  1. Имотен лист (не постар од 6 месеци)
  2. Копија од катастарски план(не постар од 6 месеци)
  3. Доказ за уплата на административна такса:

Откако ке се добие изводот од план за да може да се поднесе барањето птрбно е да се прибави следната документација:

  1. Извод од урбанистички план издаден од општина Сопиште.
  2. Основен проект – фаза архитектура, статика, електрика и водовод изработен согласно изводот од план.
  3. Ревизија на основен проект освен за објекти со наменадомување и површина помала од 300м2
  4. Геодетскиелаборатзанумеричкиподатоциизработенодприватнагеодетскафирма
  5. Позитивномислењезапроектираниотиизведениотстепеннамеханичкаотпорност, стабилност и сезимичка заштита на градбата
  6. Заградбинаменетизаиндивидуалнодомувањесобруторазвиенаповршинадо300 м2 не е задолжително мислење за изведениот степен на механичка отпорност, стабилност и сезимичка заштита на градбата, а потрбно е само мислење за проектираниот степен.
  7. Потврда за енергетска ефикасност на објектот
  8. Полномошно заверено на нотар за проектантот доколку го поднесува барањето во име на инвеститорот.
  9. Доказ за право на градење (имотен лист, договор помеѓу соинвеститори и тн).
  10. Уплата на административна такса.

Барањето за одобрение за градење се поднесува исклучиво преку веб апликацијата на www.gradezna-dozvola.mk Документите се доставуваат скенирани, освен проектната документација која се доставува во пдф формат, а графичките прилози се доставуваат во dwg формат, заверени согласно законска регулатива која ја уредува оваа материја. Целокупната комуникација со поднесителот на барањето во постапката се одвива преку електронскиот систем(достава на пресметка за комуналии, заклучок за прекин, одобрение за градење и тн.).

Пред да се достави барање за одобрение за градење потребно е да се изработи Урбанистички проект за формирање на градежна парцела во согласност со член 58 став 2 од закон за урбанистичко планирање за катастарски парцели кој се наоѓаат во опфат на општите акти на населените места Ракотинци, Горно Соње, Долно Соње, Света Петка и Добри Дол и во опфат на урбанистички план за село во населено место Сопиште

Откако истиот ќе се одобри се издава извод од урбанистички проект и со изводот може да запонете постапка за одобрение за градење За локации надвор од посточека планска документација може да се гради само доколку претходно се изработи и одобри Урбанистички план или урбанистичкопланска документација.

PDF верзија


Адреса: Општина Сопиште ул:2 бр:2 1054 Скопје тел:(02)27 85 100 факс(02) 27 85 109