Повик за поднесување на понуди (ППП)

Повик за поднесување на понуди (ППП)

Република Северна Македонија

Втор проект за подобрување на општинските услуги – МСИП2

MSIP2-NCB-028-2021

  1. Овој Повик за Понуди ја следи Општата објава за набавки за овој Проект објавена во изданието на UN Development Business, со бр. WB3498-08/16, од 04 август, 2016 година (печатено издание) и објавена електронски на 04 август, 2016 година.

  2. Република Македонија доби кредит од Меѓународната банка за обнова и развој (IBRD), за спроведување на Втоиот проект за подобрување на општински услугите (МСИП2) и има намера дел од добиените средства од овој кредит да ги искористи за плаќања по договор за: Изградба на фекална канализација во с.Ракотинци, Општина Сопиште – Фаза 1.

  3. Општина Сопиште ги повикува подобните и квалификувани понудувачи да дадат запечатени понуди за градежни работи кои вклучуваат Изградба на фекална канализација во с. Ракотинци, Општина Сопиште.

  4. Процесот на понудување ќе се спроведе преку процедури за национално јавно наддавање како што е специфицирано во Упатството на Светска банка: Набавка со средства добиени од IBRD Заеми и IDA Кредити, од јануари 2011 година и е отворен за сите понудувачи од подобните земји како што е дефинирано во тендерската документација.

  5. Заинтересираните подобни понудувачи може да добијат дополнителни информации на адресата наведена подолу од 08:30 до 16:30:

Адреса: ул. 2 бр.2 с. Сопиште, Скопје
Град: Скопје
Поштенски број: 1000
Држава: Македонија
Телефон: 00389 (2) 2785-100
Факс: 00389 (2) 2785-109
Електронска адреса: info@opstinasopiste.gov.mk  

  1. Комплетна Тендерска документација на македонски јазик може да ја купат заинтересираните понудувачи по поднесување на писмена апликација на адресата дадена погоре и по плаќањето на неповратна такса од 3,000.00 МКД. Методот на плаќање ќе биде преку ПП50 образец, на следнава сметка:

Банка: Народна банка на Република Македонија
Број на сметка: 100000000063095
Буџетска корисничка сметка: 764014114963015
Приходно конто: 724125 програма 00

  1. Тендерската документација може да се добие директно од Општина Сопиште со поднесување на писмено барање и приложување на докази за уплата за подигање на тендерска документација или по електронска пошта.

  2. Понудите мора да се достават на адресата дадена подолу до 11:00ч, 10.05.2021. Електронско доставување на понудите не е дозволено. Задоцнетите понуди ќе бидат одбиени. Понудите ќе бидат физички отворени во присуство на претставници на понудувачите кои ќе изберат да присуствуваат лично на адресата дадена подолу во 11:00ч, 10.05.2021.

  3. Сите понуди мора да бидат придружени со Банкарска гаранција од : 400.000,00 МКД.

  4. Општина Сопиште

Адреса: ул.2 бр.2 с. Сопиште
Град: Скопје 
Поштенски број: 1000
Архива
Држава: Република Северна Македонија

Преземете го повикот во PDF формат тука