Започнува реконструкција на улица 8 во Долно Соње – Известување

Почитувани,

Општина Сопиште од денес започнува со реконструкција на улица 8 во Долно Соње.

Ве информираме дека поради поставена градежна механизација на и покрај патот, истиот е затворен за сообраќај.

Сообраќајот се пренасочува по локалните патишта.

Ви благодариме на трпението и разбирањето.

Со почит,

Општина Сопиште