Одбележана 100 годишнина од раѓањето на Драга Стојановска

Во централното училиште во Ракотинци беше одбележана годишнина на Oпштинско Основно Училиште Драга Стојановска – Сопиште.

Драга Стојановска е родена во Горно Соње, во 1923 година. Учела Трговска академија, каде што стапила во редовите на скоевската организација. Била борец и учесник во Втората светска војна. Во септември 1944 година, била дел од единиците на Дванаесеттата македонска ударна бригада, како санитетско лице. Во борбите за ослободување на Скопје, Драга загинала во обид да извлече ранет соборец.

Основното Училиште Драга Стојановска од Скопје е основано на 15.10.1945 година од МНОО на с. Ракотинци како осумгодишноучилиште „Кочо Рацин ― село Ракотинци. Со Решение бр.239 од 28.02.1977 година од Собранието на Општината Кисела Вода дадена е согласност на Одлуката за спојување на ОУМаршал Тито с.Нова Брезница кон ОУ Драга Стојановска ― с. Ракотинци во едно централно училиште со 14 подрачни училишта.