ПРИЈАВА за online работа и достава на продукти од маркет / достава на храна од ресторани и слично на територијата на Општина Сопиште

Почитувани, 

Согласно Записникот од Дваесеттиот состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на Коронавирус COVID-19 , одржан на 6ти април 2020 година, точка 5, Општинскиот кординативен  штаб за заштита и спасување на Општина Сопиште го донесе следниот заклучок: 

– Согласно владините мерки за online работа и достава на продукти од маркети, достава на храна од ресторани и слично, се повикуваат сите заинтересирани правни субјекти да се пријават во Општина Сопиште, за добивање на дозвола за работа за време на полициски час. 

Во прилог е Пријавата која е потребно да ја пополнат сите заинтересирани правни субјекти .

Пополнетата Пријава да се испрати на е-маил: info@opstinasopiste.gov.mk

Барањето може да го преземете тука: Prijava za online rabota i dostava na produkti


ОПШТИНА СОПИШТЕ Локална самоуправа  ул.2 бр.2, Сопиште 1054, Р. Македонија тел. (02) 27 85 100 факс. (02) 27 85 109 маил: info@opstinasopiste.gov.mk

АКЦИЈА
Претходна статијаРЕШЕНИЕ
Следната статијаРЕШЕНИЕ