Општинскиот кризен Штаб Сопиште, а во врска со точка 5 од насоките дадени од Владата на РСМ бр. 44-2282/20 од 06.04.2020 година, го донесе следното
РЕШЕНИЕ
- Економски оператори/маркети од каде ќе се обезбедуваат најнеопходни намирници согласно барањата на граѓаните на општина Сопиште за време на забрана за движење на територијата на Република Северна Македонија се определуваат следните маркети:
– Јанески 2012, нас. Место Ракотинци кон.тел. 071 8132 152
– Малезанови Трејд, нас. Место Долно Соње 076-431-055
– Мост Маркет, нас. Место Долно Соње 075-475-919.
- Економските оператори/маркети наведени во точка 1 од решението, ќе вршат мобилна достава на храна и други намирници преку овластени доставувачи, потврдени со име и презиме на доставувачот и регистарски број на возилото со кое ќе доставува. ССА
- Ова решение влегува во сила со денот на донесувањето, за да може во соработка со МВР да се организира движењето на доставувачите.
ОПШТИНА СОПИШТЕ Локална самоуправа ул.2 бр.2, Сопиште 1054, Р. Македонија тел. (02) 27 85 100 факс. (02) 27 85 109 маил: info@opstinasopiste.gov.mk