Врз основа на членовите 37-е, 37-ж и 37-и од Законот за јавни претпријатија (Службен весник на РМ бр. 38/96; 6/02; 40/03;49/06; 22/07; 83/09; 97/10; 6/12; 119/13; 41/14; 138/14; 25/15; 61/15; 39/16; 64/18; 35/19 и Службен весник на РСМ 275/19; 82/20; 89/22; 274/22; 208/24; 193/25; 96/26), член 20-г од Законот за вработени во јавен сектор (Службен весник на РМ бр. 27/14; 199/14; 27/16; 35/18; 198/18 и Службен весник на РСМ 143/19; 14/20; 95/20; 302/20; 208/24; 144/25) член 22 и 23 од Законот за работните односи (Службен весник на РМ бр. 167/15; 27/16; 120/18 и Службен весник на РСМ 110/19; 267/20; 151/21; 288/21; 11/23; 39/25; 74/25; 124/25) и Правилник за систематизација на работните места во ЈКП Сопиште бр. 01-48/2 од 01.02.2026 година, Јавното комунално претпријатие Сопиште, објавува:
ЈАВЕН ОГЛАС бр.01/2026
за вработување на неопределено време на:
1. (1) извршител за работното место Возач на специјално комунално возило во Административно стручна служба – Оддел за собирање и транспортирање на комунален цврст отпад, шифра на работно место КДР/03/05/Б02/068, во подгрупата даватели на јавна услуга, со четиригодишно средно образование, најмалку две години работно искуство.
Работниот однос се засновува на неопределено време
– Работни денови : од понеделник до петок
– Работни часови: дневно работно време 8 часа / 40 часа неделно
– Работно време 07:00-15.00 часот
– Основна нето плата за работното место: 31.415,00 денари плус додаток на минат труд по 0,5% за секоја година работен стаж.
Работни цели
– Управување со специјално комунално возило и грижа за нивно одржување
Работни задачи и обврски
- Управува со комунално возило и се грижи за неговата техничка исправност
- Се грижи за редовно сервисирање на возилата
- Води евиденција за поминати километри и потрошено гориво
- Води евиденција за транспортиран и депониран отпад
- Води дневник за извршен сервис на возилото
- Врши и други работи кои што ќе му бидат доверени од Директорот на претпријатието
2. (1) извршител за работното место Одржувач на паркови и зеленила во Административно стручна служба – Оддел за јавна чистота и останати комунални дејности, шифра на работно место КДР/03/05/В01/001, во подгрупата даватели на јавна услуга, со основно образование, со или без работно искуство.
Работниот однос се засновува на неопределено време
– Работни денови : од понеделник до петок
– Работни часови: дневно работно време 8 часа / 40 часа неделно
– Работно време 07:00-15.00 часот
– Основна нето плата за работното место: 29.818,00 денари плус додаток на минат труд по 0,5% за секоја година работен стаж.
Работни цели
– Одржување на јавни зелени површини
Работни задачи и обврски
– Одржување на паркови
- Хортикултурно уредување на јавни зелени површини
- Редовно наводнување на зелени површини
- Редовно одржување на зеленилото покрај сообраќајниците
- Одржување на улиците во зимски услови
- Врши и други работи кои што ќе му бидат доверени од Директорот на претпријатието
Огласот се објавува поради испразнување на работни места во ЈКП Сопиште.
Кандидатите е потребно да ги исполнуваат следните општи услови:
- Да е државјанин на Република Македонија
- Активно да го користи македонскиот јазик
- Да е полнолетен
- Да има општа здравствена способност за работното место и
- Со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Покрај општите услови кандидатите треба да ги исполнуваат и следните посебни услови:
- Да има соодветни стручни квалификации за работното место доколку е предвидено
- Да има соодветно работно искуство потребно за работното место доколку е предвидено
- Да поседува посебни работни компетенции потребни за работното место Возач на специјално комунално возило (возачка дозвола Б и Ц категорија)
Заинтересираните кандидати треба да ги достават следните документи за исполнување на потребните услови за работното место во оригинал или копија заверена на нотар:
- Уверение за државјанство
- Извод од матична книга на родени
- Доказ дека со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана на вршење професија, дејност или должност
- Диплома за завршено соодветно образование
- Копија од возачка дозвола (за работното место под реден број 1(еден)
- Потврда за работно искуство доколку се бара
- Пополнета пријава објавена на веб страната на Општина Сопиште или подигната во просториите на ЈКП Сопиште.
Постапката за селекција за вработување на давателите на услуги во Јавото претпријатие се состои од проверка на внесените податоци во пријавата за вработување, со условите утврдени во јавниот оглас, проверка на приложената документација кон пријавата и интервју.
Огласот трае 15 (петнаесет) дена, сметано од денот на објавувањето на огласот во дневниот печат во три дневни весници од кои еден од весниците што се издаваат на Јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кои зборуваат службен јазик, различен од македонскиот.
Мислење до директорот за избор на кандидати по овој оглас ќе даде Комисијата за селекција, а конечна одлука за избор ќе донесе Директорот на јавното претпријатие во законски предвидениот рок.
Заинтересираните кандидати пријавите со сите потребни документи треба да ги достават на адреса: ЈКП Сопиште, ул. 2 бр. 2, 1054 Ракотинци, Скопје – лично или преку пошта.
ЈКП Сопиште
В.Д. Директор
Тони Мицевски
















