Делумна забрана за движење во шумите и шумското земјиште

Согласно член 57,став 3, од Законот за шумите, по барање на ЈП Национални шуми Скопје, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со арх.бр.49-6414 /2, од 22.06.2022 год., даде согласност за:
Делумна забрана за движење во шумите и шумското земјиште
Со оглед на зголемената опасност од појава на шумски пожари на отворен простор се воведува Делумна забрана за движење во шума на територијата со која стопанисува управува ЈП “Национални шуми” Скопје на сите лица во шумите и шумските Појаси, за временскиот период од 24.06.2022 год., во терминот од 06.00 до 20.00 часот.
Делумната забрана за движење во шума ќе стапи на сила од 24.06.2022 год. и Ќе трае се до проценката дека е намален ризикот од поЈава на шумски пожари, односно, до неЈзино отповикување. Оваа делумна забрана за движење во шумите и шумско земјиште, не важи за:
Министерството за внатрешни работи, Шумска полиција, Центарот за управување со кризи, дирекцијата за заштита и спасување, Државниот инспекторат за шумарство и ловство, ЈП Национални шуми – Скопје, Субјектите што вршат шумскостопански активности сеча, дотур и транспорт на дрво и дрвни сортименти на површините со кои стопанисува ЈП Национални шуми – Скопје, Стручните служби на концесионерите на дивечот во ловиштата кои се наоѓаат на територијата со која стопанисува / управува ЈП Национални шуми Скопје, и Лица кои што имаат писмено одобрение за движење во шумите со кои стопанисува ЈП Национални шуми Скопје.

Движењето ке биде дозволено единствено со писмено одобрение издадено од подружниците на Национални шуми Скопје за подрачЈето со кое стопанисуваат/ управуваат.
За непочитување на оваа забрана на физички лица кои се затекнати да се движат во шума и шумско земјиште, согласно член 106 од Законот за шумите, Ќе им се изрече глоба од 1500 до 2000 евра во денарска противвредност.
Делумната забрана за движење ја спроведуваат вработените од ЈП II Национални шуми”, кои вршат дејност заштита, Шумска полиција и МВР.