Повик за поднесување на понуди (ППП)

Повик за поднесување на понуди (ППП)

РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

ПРОЕКТ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ОПШТИНСКИТЕ УСЛУГИ (MSIP)

MSIP-NCB -127-19

  1. Овој Повик за поднесување на понуди ја следи општата објава за набавки за овој проект објавена во изданието на UN Development Business со бр. 767 од 31 јануари, 2010 година (печатено издание) и електронски објавена на 06 јануари, 2010 година.
  1. Република Македонија доби грант средства од Светска Банка и има намера дел од добиените средства од овој кредит да ги искористи за плаќања по договор занабавка на специјално моторно возило за собирање на комунален смет за потребите на ЈКП Сопиште.
  1. Општина Сопиште ги повикува соодветните и квалификувани Понудувачи за набавка на  специјално моторно возило за собирање на комунален смет за потребите на ЈКП Сопиште да ги достават своите запечатени понуди.
  1. Поднесувањето понуди ќе се спроведе преку процедури за национално конкурентно наддавање како што е специфицирано во Упатството на Светска банка: Набавка со средства добиени од IBRD Заеми и IDA Кредити, (од мај 2004 година, ревидирано во октомври 2006 година и мај 2010 година), и е отворен за сите Понудувачи од квалификуваните држави како што е дефинирано во тендерската документација.
  1. Заинтересираните Понудувачи може да добијат дополнителни информации од:

Општина Сопиште и да извршат увид во тендерската документација на наведената адреса од 08:00 до 16:00 часот.

  1. Потребните квалификации вклучуваат:

 

  1. Финансиска способност:

Понудувачот треба да достави документиран доказ дека ги исполнува следниве финансиски услови: годишен обрт од најмалку 200.000,00 ЕУРво последните три години. Доколку Понудувачот е во форма на Заедничко вложување (ЗВ), сите членови на ЗВ треба заедно да  ги исполнуваат горенаведените услови за квалификација. Главниот носител на заедничкото вложување  треба да исполнува најмалку шеесет проценти од горенаведените  квалификациски услови.

  1. Искуство и технички капацитет

Понудувачот треба да достави референтна листа како и копија од  најмалку два (2) успешно спроведени договори во последните три (3) години, за набавка на најмалку две (2)возила за собирање на смет со минимум капацитет од 14м3. Ако Понудувачот е Заедничко вложување (ЗВ), сите членови треба заеднички да ги исполнуваат сите квалификациски услови  и секој од членовите од ЗВ треба да има најмалку еден успешно спроведен договор во последните пет години за набавка на слични стоки.

Понудувачот треба да достави детален опис на пост-продажните услуги, сервис, сервисери  и  резервните делови на располагање во земјата на Купувачот за стоките кои се нудат во Понудата. Ако ваквите услуги не се достапни во земјата на Купувачот, Понудувачот треба да достави во понудата писмена потврда дека доколку е успешен, тој ќе биде застапен од страна на агент во земјата на Купувачот, како што е наведено во ИП 17.1(b) и ИП 17.1(b) од ЛПП. Доколку Понудувачот е успешен, тој треба да достави документиран доказ за именување на квалификуван Агент во рок од 28 дена од денот на приемот на известувањето за доделување на договорот.  Неможноста да достави ваков доказ преставува основа за поништување на Договорот. Во тој случај, Купувачот може го додели договорот на следниот Понудувач со најниска цена којшто има квалификации, во согласност со ИП 40.2.

  1. Понудувачот треба да достави документиран доказ со кој ќе покаже дека стоката која ја нуди ги исполнува следниве услови за употреба:

Понудувачот ќе достави технички карактеристики во согласност со бараните технички карактеристики-спецификации на понудените специјални комунални возила, каталози, фотографии на возилата.

  1. Заинтересираните Понудувачи може да ја купат комплетната тендерска документација по поднесување на писмена апликација на адресата дадена подолу:

Општина Сопиште, Адреса: улица 2 бр. 2 с. Сопиште, Скопје, Поштенски број: 1000 Сопиште, Република Северна Македонија и по плаќањето на неповратна такса од  3,000.00 МКД. Методот на плаќање ќе биде преку ПП50 образец, на следната сметка:

За плаќања во МКД – број на сметка

 

Народна банка на Република Македонија – број на сметка 100 000000063095

Уплатна сметка – 764014114963015

Приходна шифра и програма -725939 00

Понудите треба да бидат доставени на долунаведената адреса:

Адреса:Општина Сопиште

Број на кат/канцеларија: архива

Поштенски број:1054 Скопје

Република Северна Македонија

не подоцна од:12:00 часот на  29.10.2019

Сите понуди мора да бидат придружени со гаранција на понудата од не помалку од 120.000,00МКД

Задоцнетите понуди ќе бидат одбиени. Понудите ќе бидат отворени во присуство на претставници на понудувачите кои ќе решат да присуствуваат на адресата наведена подолу:

Адреса:Општина Сопиште

Бр. на кат – соба: Сала за состаноци

Поштенски број:1054

Република Северна Македонија

12:00 часот на  29.10.2019

Повикот може да го преземете и во Word формат на следниот линк:

Повик за поднесување на понуди