ЈАВЕН ОГЛАС – Бр. 02/2018 за продажба на недвижни ствари

Врз основа на член 24 од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост  („Службен весник на Република Македонија “ бр. 78/2015, 106/2015 и 153/2015), и Одлука за продажба на објект на КП 1058/1 КО Говрлево, сопственост на општина Сопиште број 02-1298/1 од 17.05.2018 година донесена од Советот на општина Сопиште, (“Службен гласник на општина Сопиште” број 5/2018), општина Сопиште објавува:

ЈАВЕН ОГЛАС – Бр. 02/2018
за продажба на недвижни ствари
по пат на ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

  1. ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

 Предмет на електронско јавно наддавање е продажба на недвижна ствар со намена – Б1 и В1 и тоа:

1.1. КП 1058 дел 1 викано место “превој”, намена Б1-1, влез 1, кат ПО, број 1, намена П, површина од 68м2, запишан во ИЛ 554 КО Говрлево;

1.2. КП 1058 дел 1 викано место “превој”, намена Б1-1, влез 2, кат ПО, број 1, намена П, површина од 28м2, запишан во ИЛ 554 КО Говрлево;

1.3. КП 1058 дел 1 викано место “превој”, намена Б1-1, влез 2, кат ПР, број 1, намена ДП, површина од 57м2, запишан во ИЛ 554 КО Говрлево;

1.4. КП 1058 дел 1 викано место “превој”, намена Б1-1, влез 2, кат ПР, број 1, намена ПП, површина од 8м2, запишан во ИЛ 554 КО Говрлево;

1.5. КП 1058 дел 1 викано место “превој”, намена В1, влез 1, кат ПР, број 1, намена ДП, површина од 140м2, запишан во ИЛ 554 КО Говрлево;

1.6. КП 1058 дел 1 викано место “превој”, намена В1, влез 1, кат ПР, број 1, намена ПП, површина од 5м2, запишан во ИЛ 554 КО Говрлево;

  1. ПОЧЕТНА ЦЕНА

 Почетната цена за електронско јавно наддавање за недвижната ствар од точка 1 е утврдена врз основ на Извештај за процена на вредност на недвижност од ДПУ Каранфиловски Проценка ДООЕЛ Скопје бр. 0404-107/18 од 30.05.2018 година и истата изнесува 968.304,00 денари;

3. ДАТУМ НА ЈАВНОТО НАДДАВАЊЕ

Јавното наддавање  за продажба на недвижната ствар од точка 1 ќе се одржи на ден 02.11.2018 во 11:00 часот.

  1. ПРАВО НА УЧЕСТВО

Право на учество на електронското јавно наддавање имаат сите  домашни и странски физички и правни лица кои можат да се стекнат со сопственост на недвижни ствари на територијата на Република Македонија согласно со закон.

II.ДОКУМЕНТАЦИЈА КОЈА УЧЕСНИЦИТЕ НА ЈАВНОТО НАДДАВАЊЕ СЕ ДОЛЖНИ ДА ЈА ДОСТАВАТ ЗА УЧЕСТВО НА ОГЛАСОТ

  1. Учесниците на огласот за јавното наддавање се должни да достават:

– пријава за учество;

– банкарска гаранција  за сериозност на понудата во висина од 2% од проценетата вредност на недвижната ствар;

  1. Пријавата за учество на јавното наддавање се поднесува електронски преку системот за продажба на веб страната e-stvari.mk.
  2. Заедно со пополнетата пријава, подносителите треба да достават и:

а) за физички лица

– копија од лична карта или патна исправа (пасош);

–  банкарска гаранција  за сериозност на понудата во висина од 2% од проценетата вредност на недвижната ствар за кој се учествува;

–  е-mail адреса.

б) за правни лица

– тековна состојба од Централен регистар на Република Македонија, односно соодветен документ издаден од надлежен орган од земјата каде е регистриран правниот субјект;

– банкарска гаранција  за сериозност на понудата во висина од 2% од проценетата вредност на недвижната ствар за кој се учествува;

– е-mail адреса;

III. РОК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТАЦИЈАТА

Пополнетата документација (пријава, банкарската гаранција), учесниците се должни електронски да ја достават најдоцна до 29.10.2018 година до 16.30 часот до општина Сопиште преку системот за продажба на веб страната e-stvari.mk.

Комисијата на подносителите кои доставиле комплетни  пријави за учество на јавното наддавање согласно со објавата,  во рок од три дена од крајниот рок за поднесување на пријавите за учество им доставува известување за учество и корисничко име и шифра за учество на јавното наддавање.

IV. НАЧИН И ПОСТАПКА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА НАДДАВАЊЕТО

  1. За да се одржи јавното наддавање, потребно е да има најмалку еден учесник.
  2. За најповолен понудувач на јавното наддавање се смета учесникот кој понудил последна цена.
  3. Најповолниот понудувач во рок од 15 дена од денот на завршувањето на јавното наддавање е должен да ги уплати средствата во износ на постигнатата највисока цена за продажба на недвижната ствар.
  4. Доколку најповолниот понудувач не ги уплати средствата во утврдениот рок, нема да се пристапи кон склучување на договор, банкарската гаранција ќе биде активирана, а понудувачот во период од една година нема да може да учествува на секое идно јавно наддавање за предметната ствар.
  5. 5. По завршување на постапката за јавно наддавање, со најповолниот понудувач во рок од 5 работни дена по извршената уплата на цената на недвижната ствар ќе се склучи Договор за купопродажба на недвижна ствар.

Данокот на промет и трошоците за солемнизација на договорот за купопродажба на недвижната ствар ќе ги сноси  најповолниот понудувач.

  1. Учесниците на јавното наддавање имаат право на приговор само по однос на постапката за јавно наддавање. Приговорот се доставува до Комисијата во рок од 3 дена од денот на одржувањето на јавното наддавање. Комисијата одлучува по приговорот со решение во рок од 5 дена од приемот на приговорот.V. ИНТЕРНЕТ СТРАНИЦА НА КОЈА ЌЕ СЕ ОДРЖИ ЈАВНОТО НАДДАВАЊЕ

Јавното наддавање ќе се изврши електронски на следната интернет страница:

www.e-stvari.mk

Комисија за недвижни и движни ствари на општина Сопиште

Претседател Бајрам Муслиовски