5-ти јуни – патронен празник на општина Сопиште

5-ти јуни e прифатен од општина Сопиште како патронен празник на општината и години наназат преставува афирмација ориентирана кон здрава животна средина

Почитувани жители на општина Сопиште, 5-ти јуни e прифатен од општина Сопиште како патронен празник на општината и години наназат преставува афирмација ориентирана кон здрава животна средина. Во календарот на обединетите нации овој ден е обележан како ден кога човештвото треба да ја свати својата улога во заштита на животната средина. Нашата борба во заштитата на животната средина е постојана и поупорна колку што се постојани и упорни загадувачите.

По повод патронантот на општина Сопиште организиравме еколошка акција во која учествуваа администрацијата и дел од советниците на општина Сопиште.

Години наназат работевме општина Сопиште да ја направиме атрактивна и денес ги уживаме резултатите од нашата посветеност. Создадовме туристички капацитети кои привлекуваат гости и вимание од целата држава, кои подоцна одлучуваат да инвестираат во о. Сопиште. Но, атрактивноста носи и свои негативности кои доколку не се предвидат и соодветно одговорат можат многу лесно да произведат хаос, загадување, пренатрупаност. Затоа треба да се внимава на понатамошните одлуки, планови и политики кои општинската самоуправа во иднина ќе ги усвојува.

По речиси четири години финансиска блоката и исплатени 2.000.000 евра по извршители општина Сопиште е раздолжена, овие сретства се енормно големи за рурална општина формирана од 13 села, овие средства значат четири годишни општински буџети, овие средства доколку беа поделени по нашите населени места ќе решевме голем дел од нашите проблеми, останува да се фокусираме и со уште поголем елан и посветеност меѓу кој и домакинско работење.

Иако финансиски блокирани освен што ги спроведувавме основните сервиси парарелно успеавме да градиме капитални проекти во цел тој период на финансиска блокада.

Само во последната година од прошлиот 5-ти јуни до денест реализирани се следините проекти:

  • Дом на култура во општина Сопиште.
  • Нова детска градинка со поголем капацитет од претходната детска градинка.
  • Асфалтиравме локални улици во Добри Дол.
  • Се санираше дел од главната улица во Св Петка.
  • Асфалтиравме во патишка Река улицата кон подрачното училиште и централниот дел на ова населено место.
  • Изработена е техничка документација во сите фази за фекална канализација за Долно Соње.
  • Во моментов се осветлува ул. 14 во населено место Сопиште и патниот правец Ракотинци
  • Добри Дол во вкупна должина од 2км.
  • Во изработка е основен проект и сите останати технички документи за фекална канализација за населено место Добри Дол

Проекти кои до следниот 5-ти јуни ќе се реализираат без разлика кој ќе биде градоначалник и советник во општина Сопиште, проекти за кои веќе се обезбедени сретства и помината е административната процедура, проекти за кои е потребно само да се отпочне тендерска постапка се:

  • Фекална канализација за населено место Ракотинци по најсвремени светски стандарди за третирање на отпадни води.
  • Асфалтирање на ул. 4 населено место Чифлик.
  • Целосна реконструквија на ул 6 во Долно Соње во должина од 1км.
  • Целосна реконструкција на ул. 10 во Горно Соње во должина од 1км.
  • Целосна реконструкција на улицата од регионалниот пат до црквата Св. Талалеј во Нова Брезница во должина од 700м.
  • Асфалтирање на ул 2 и ул 6 во Држилово.
  • Асфалтирање на дел од патот Св Петка-ХЕЦ Св Петка.
  • Изработка на техничка документација во сите фази за третирање на отпадните води на ул.22 и ул 24 населено место Сопиште.
  • Изработка на техничка документација во сите фази за канализација за Горно Соње.
  • Ново возило за собирање и транспорт на отпад за ЈКП Сопиште.

Почитувани жители на о Сопиште Ви благодарам за соработката и вниманието.