Општина Сопиште,
10 Ноември, 2019, 13 часот (Горно Соње, ул. 11)
Концерт на трио IN MEDIAS RES
Сања Шуплевска – ВИОЛИНА
Орце Ицковски – ФАГОТ
Емилија Маринова – ПИЈАНО
Ансамблот на ИН МЕДИАС РЕС е основан во 2007 година во Скопје од Орце Ицковски и Сања Шуплевска. Ансамблот во неколку свои форми брои настапи во Скопје-Македонија, Калгари-Канада, Њујорк-САД. Ансамблот е посветен на презентација на музика која не е честа на подиумските репертоари, со активна
улога за афирмација на разновидноста која го продлабочува професионализмот, инспирацијата и наследството. Ваквото искуство ја интензивира врската со музиката и авторот, при што познавањето на стилови и карактеристики во артикулацијата дозволува публиката да ги почувствува – дури и за момент – потеклото, местата и сензибилитетот на времето, на изведените музички дела. Во таа насока е конципирана и програмата за
концертите претставувајки дела од современи и композиторки од историјата. Синтезата на музички стилови на овој концерт обединува опсег на различни инструменти, аранжмани и сензибилитети.
Адреса: Општина Сопиште ул:2 бр:2 1054 Сопиште
тел:(02)27 85 100 факс(02) 27 85 109