Со оваа наша услуга ви е овозможено во секое време, преку интернет порталот на нашата општина, да пријавите комунален проблем кој нашите служби ќе се обидат да го решат или да ве информираат до каде е решавањето на проблемот во најкраток можен рок.
Што се можете да пријавите од листата:
Улично осветлување
пријавете дефект на улично осветлување.
Улици, патишта и тротоари
пријавете оштетување на асфалт, бетон, камени коцки и бекатон;
пријавете работа на патишта, улици и тротоари
Објекти склони на рушење
пријавете објекти склони на рушење: стари куќи, потпорни ѕидови и сл.
Урбана опрема
пријавете оштетување на урбана опрема: клупи, корпи за отпадоци и детски забавни паркови.
Градба и дива градба
пријавете почеток на изградба на нов објект, доградба и надградба на постоечки објект.
Животна средина
пријавете непријатна миризба, загадување на амбиентален воздух, површински води (реки и езера);
пријавете долготрајна и честа појава на бучава од угостителски објекти, работа на машини и постројки.
Отпад
пријавете несовесно постапување со комунален, комерцијален, индустриски неопасен отпад, растителен отпад, отпад од пакување, отпадни масла, искористени (хаварисани) возила, проблеми со собирање и транспорт на отпад од ЈКП, отпад во приватен имот кој предизвикува нарушување на здравјето на луѓето, градежен шут на регионални патишта и во природа.
Кучиња скитници
пријавете присуство на кучиња скитници на јавна површина кои се болни и агресивни.
Јавно зеленило
пријавете уништување и узурпација на јавно зеленило, зеленило покрај улици, паркови, плоштади, кеј, културно историски споменици, јавни паркиралишта, детски забавни паркови, игралишта, гробишта.
Гробишта
Скрнавење на надгробни споменици во гробиштата.
Водовод и канализација
Пријавете секое течење на вода било да е од водовод или канализација;
Пријавете дефект на водоводна инсталација;
Пријавете ако има запушување на канализациона мрежа;
Пријавете паркирано возило над водоводна или канализациона шахтa;
Пријавете ако некој гради над водоводната или канализационата мрежа;
Пријавете ако некој врши ископ на подземната водоводна или канализациона мрежа;
Пријавете приклучок на водоводна или канализациона мрежа без присуство на овластени лица од ЈП.
Сообраќајна сигнализација
Пријави потреба за поставување на сообраќајна сигнализација на одредени локалитети согласно сообраќајните прописи;
Пријави оштетување на постојната сообраќајна сигнализација.