ЈАВЕН ОГЛАС – БРОЈ 2

Врз основа на член 46 од Законот за Урбанистичко планирање ( Службен весник на Република Северна Македонија бр. 32/20), Градоначалнкот на општина Сопиште објавува:

ЈАВЕН ОГЛАС – БРОЈ 2

За формирање на Партиципативно тело

За обезбедување на инклузивност, партиципативност и јавност во процесот на урбанистичко планирање, по иницијатива на Грдоначалникот на општина Сопиште ќе се формира партиципативно тело, кое ќе се состои од членови на комисијата за урбанизам на општина Сопиште, стручни лица вработени во правното лице што го изработува урбанистичкиот план кој е предмет на расправа, а особено од лица кои се претставици од урбаните и месните заедници, претставници на невладините организации од различни сегменти на урбаниот живот, здруженија на граѓани и граѓански активности од подрачјето на општината што ги преставуваат различните групи на граѓани, како и граѓани што се стручни лица од областа на урбанистичкото планирање и други стручни области суштествени за планирањето и одржливиот развој на општината.

Партиципативното тело ќе се формира од  доброволно пријавени лица на овој јавен оглас.

Јавниот оглас ќе трае 30 дена од денот на објавување на веб страната на општина Сопиште www.opstinasopiste.gov.mk и со излагање на истиот во писмена форма на огласна табла во просториите на општина Сопиште.

Во споменатиот рок заинтересираните граѓани и правни лица, можат да ги достават своите доброволни пријави за членување во партиципативвното тело во архивата на општина Сопиште секој работен ден од 08:00 до 15:00 часот

Општина Сопиште

Градоначалник

Стефче Трпковски