Повик за поднесување на понуди (ППП)

Назив на проектот: Втор проект за подобрување на општинските услуги – MSIP2
Извор на финансии: Меѓународна банка за обнова и развој
Број на договор: MSIP2-SH-MUN-SOP-002-2022
Назив на договор: Набавка на 150 канти за отпад за населеното место Ракотинци вo
Општина Сопиште

Почитувани,

  1. Ве повикуваме да ја поднесете својата понуда со цени за набавка на следните
    предмети:

Набавка на 150 канти за отпад за населеното место Ракотинци во Општина Сопиште

Информациите за техничките спецификации и потребните количини се во прилог на
овој документ.

  1. Понудата мора да ги вклучува сите предмети кои се опфатени со овој Повик. Понудите
    со цените ќе се оценуваат во однос на сите предмети на набавка и Договорот ќе се
    додели на компанијата која ќе понуди најниска вкупна цена за сите предмети на
    набавката.
  2. Понудата треба да содржи:
     Повик за поднесување на понуди
     Услови за набавка – пополнети и потпишани
     Технички спецификации – пополнети и потпишани
     Образец на понуда – пополнет и потпишан
     Копија од регистрација на фирмата
     Овластувања на произведувачот
    Треба да се поднесе по еден оригинален примерок од горенаведените документи
    коишто ќе бидат обележани „Оригинал“. Исто така, треба да се поднесат и две копии
    кои ќе бидат обележани „КОПИЈА“. Понудата треба да се испрати во затворен плик
    на следната адреса:
    Адреса: Општина Сопиште, Адреса: ул. „2“ бр. 2 с. Сопиште, Скопје

На пликот исто така треба да биде назначено „ДА НЕ СЕ ОТВОРА ПРЕД 07.10.2022-
година“ и „Втор проект за подобрување на општинските услуги – MSIP2 – Број на
Договор: – MSIP2-SH-MUN-SOP-002-2022

  1. Во прилог на дупликатот од понудата и англиската верзија треба да има соодветна
    техничка документација со каталог / каталози и други испечатени материјали или
    релевантни информации (на англиски или македонски јазик) за секој предмет од
    понудата.
  2. Крајниот рок за доставување на понудите до Купувачот на наведената адреса е:
    07.10.2022 година, 11:00 часот.
  3. Понудата треба да се поднесе во согласност со наведените упатства и Договорот
    којшто се наоѓа во прилог. Условите за набавка коишто се наоѓаат во прилог
    претставуваат составен дел од Договорот.
    (i) ЦЕНИ: Цените треба да вклучат CIP испорака до Скопје (адресата на крајниот
    корисник е наведена подолу) за увозни производи или EXW за производи од домашен
    пазар, вклучувајќи ја и цената за испорака до утврдената дестинација во согласност со
    INCOTERMS 2000. Цените може да се наведат во било која банкарска валута
    вклучувајќи и Евро, но не може да се назначат повеќе од три валути.
    Исплатите на локалните Добавувачи од земјата на Купувачот ќе се вршат во МКД
    (македонски денари) врз основа на куповниот курс на Народна банка на Република
    Македонија на денот на вршењето на исплатата.
    Адресата на крајниот корисник – дестинацијата за испорака на производите е:
    Општина Сопиште, Адреса: ул. „2“ бр. 2, с. Сопиште, Скопје, РСМ.
    (ii) ЕВАЛУАЦИЈА НА ПОНУДИТЕ: Евалуацијата на понудите за коишто ќе се утврди
    дека се значително соодветни во однос на техничките спецификации ќе се изврши
    преку споредба на нивните цени на тој начин што CIP/EXW цените (плус цената за
    испорака до утврдената дестинација, вклучувајќи и непредвидени трошоци како на
    пример осигурување итн.) ќе се конвертираат во МКД (македонски денари) врз основа
    на средниот курс на Народна банка на Република Северна Македонија на датумот
    наведен во параграф 5 од овој повик за поднесување на понуди.
    При евалуацијата на понудите, Купувачот ќе ја утврди цената на секоја понуда на тој
    начин што ќе изврши прилагодување на цената доколку постојат следните аритметички
    грешки:
    (а) доколку има разлика помеѓу сумите изразени со бројки и со зборови, преовладуваат
    сумите напишани со зборови;
    (б) доколку има разлика помеѓу единечната цена и вкупната сума добиена преку
    помножување на единечната цена и количината, дадената единечна цена ќе
    преовладува;
    (в) доколку Добавувачот не ја прифати корекцијата на грешките, неговата Понуда ќе
    биде одбиена.
    Освен цената наведена во понудата, при евалуацијата на цената во предвид ќе се земат
    и:
     Сите такси за царини, увоз и останати давачки кои се однесуваат на увозна
    стока во Република Северна Македонија, и
    (iii) ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР: Договорот ќе му се додели на оној добавувач кој
    понудил најниска цена и којшто во исто време ги исполнува техничките и

финансиските предуслови. Успешниот добавувач ќе го потпише Договорот којшто
се наоѓа во прилог на овој документ заедно со условите за набавка.
(iv) ВАЛИДНОСТ НА ПОНУДАТА: Понудата треба да биде валидна во периодот од
четириесет и пет (45) дена од крајниот рок за доставување на понуда/понуди
наведен во параграф 5 од овој Повик за поднесување на понуди.

  1. Дополнителни информации може да се добијат само преку електронска пошта од:
    Општина Сопиште
    Адреса: ул. 2 бр 2 с. Сопиште, Скопје
    e-mail: info@opstinasopiste.gov.mk
    Тел: ++ 389/02/2785-100
  2. Ве молиме да потврдите дека сте го добиле овој повик за поднесување на понуди по
    факс / e-mail и да дадете информација во однос на тоа дали ќе поднесете понуда