Општинскиот кризен Штаб Сопиште, а во врска со точка 3 од насоките дадени од Владата на РСМ бр. 44-2282/20 од 06.04.2020 година, го донесе следното
РЕШЕНИЕ
1. Дежурна аптека на територија на Општина Сопиште од каде ќе се обезбедуваат најнеопходни лекарства за време на забрана за движење на територијата на Република Северна Македонија се определува:
-ПЗУ Аптека Мими фарм, нас.место Ракотинци 070-817-880
2. Економски оператори/маркети од каде ќе се обезбедуваат најнеопходни намирници согласно барањата на граѓаните на општина Сопиште за време на забрана за движење на територијата на Република Северна Македонија се определуваат следните маркети:
– Јанески 2012, нас. Место Ракотинци кон.тел. 071-813-152
– „Малезанови Трејд, нас. Место Долно Соње 076-431-055
– „Мост Маркет, нас. Место Долно Соње 075-475-919
– КИА – КОМ Дооел, нас.место Сопиште 070-331-535
– „Давидофф и Стефанг – од Општина Кисела Вода регистриран во Општина Сопиште 078-513-658
3. Економските оператори/маркети наведени во точка 1 и 2 од решението, ќе вршат мобилна достава на храна, други намирници и лекови преку овластени доставувачи, потврдени со име и презиме на доставувачот и регистарски број на возилото со кое ќе доставува.
4. Ова решение влегува во сила со денот на донесувањето, за да може во соработка со МВР да се организира движењето на доставувачите.