СООПШТЕНИЕ за Урбанистички План за Горно Соње

Заради доследно спроведување на постапката за донесување на планскиот документ Урбанистички план за село Горно Соње Општина Сопиште, Скопје – плански период 2016-2026 год, со тех бр.0801-06-12/16 изработен од Иванов Инженеринг Битола. Согласно член 35 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање, Општина Сопиште го објавува следново :

СООПШТЕНИЕ

Се спроведува јавна презентација и јавна анкета за планскиот документ Урбанистички план за село Горно Соње Општина Сопиште, Скопје -плански период 2016-2026 год, со тех бр.0801-06-12/16 изработен од Иванов Инженеринг Битола.

  • Планскиот опфат на документ Урбанистички план за село Горно Соње Општина Сопиште, Скопје -плански период 2016-2026 год, со тех бр.0801-06-12/16 изработен од Иванов Инженеринг Битолае со површина од 214,03 ха.
  • Јавната презентација и јавната анкета ќе се спроведе со излагање на планот во просториите на Општина Сопиште на ден 18.12.2019 год.во 14 часот.
  • Јавната анкета ќе трае до 27.12.2019 година, врз основа на член 35 став 8 од Законот за просторно и урбанистичко планирање.
  • Се известуваат сите заинтересирани граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот во горенаведениот рок да донестават забелешки, предлози, мислења на анкетни листови во општинската администрација.

Информации на тел. 27 85 102

Преземете ги информациите овде: