Почитувани,
Ве известуваме дека ЈОУДГ ВИНОЖИТО Сопиште започнува со упис на деца на возраст од 2 до 6 години, уписот ќе започне од 16.10.2019 година (Среда) до 22.10.2019 година (Вторник) во просториите на детската градинка во период од 09:00 часот до 15:00 часот.
Уписите ќе се вршат согласно Правилникот за составот и начинот на работата на Комисијата за прием на деца и утврдување на критериуми за прием на деца во ЈОУДГ ВИНОЖИТО Сопиште.
Постапка при упис:
- Поднесување на пријава за упис во детска установа од страна на родител/старател (пријавата се подига во детската градинка)
- Подносителот на пријавата потребно е да понесе лична карта (на увид) и матичен број на детето
- Поднесените барања се разгледуваат од страна на Комисијата за прием на деца во рамките на установата
- Секое барање се разгледува од страна на Комисијата и се врши известување до родителите кои поднеле пријава за упис
Згрижувањето и воспитно-образовните активности на примените деца во детската градинка започнува од 01.11.2019 год (Петок) и до овој датум треба да се приложат следните документи:
- Пријава за упис во детска установа (се подигнува и пополнува во градинката)
- Потатоци за здравствена состојба на детето (пополнува матичен лекар и се подигнува во градинката)
- Копија од вакцинален картон или потврда за примени вакцини (задолжително примена МРП вакцина)
- Брис од нос и грло
- Потврда од матичен доктор за здравствена состојба на детето, односно наод и мислење од соодветна стручна институција за дете со пречки во интелектуалниот или физичкиот развој
Со почит, ЈОУДГ ВИНОЖИТО Сопиште
ОПШТИНА СОПИШТЕ
Асфалтирана улица1 , Ракотинци, Сопиште