Јавно Комунално Претпријатие – СОПИШТЕ ЈАВЕН ОГЛАС за вработување на неопределено време

Врз основа на член 37-и од Законот за јавни претпријатија (Службен весник на РМ бр. 38/96; 6/02; 40/03;49/06; 22/07;83/09; 97/10; 6/12; 119/13; 41/14; 138/14; 25/15; 61/15; 39/16; 64/18; 35/19), член 20-г од Законот за вработени во јавен сектор ( Службен весник на РМ бр. 27/14; 199/14; 27/16; 35/18; 198/18) член 22 и 23 од Законот за работните односи ( Службен весник на РМ бр. 167/15; 120/18), Јавно комунално претпријатие Сопиште, објавува: 

                                                   ЈАВЕН ОГЛАС бр.01/2019

                                     за вработување на неопределено време на:

1. (1) извршител за работното место Одржувач на паркови и зеленила во Административно стручна служба – Оддел за јавна чистота и останати комунални дејности,  шифра на работно место КДР/03/05/В01/001, во подгрупата даватели на јавна услуга, со основно образование, со или без работно искуство, на неопределено време.

Работни цели
       –    Одржување на јавни зелени површини

Работни задачи и обврски
       –     Одржување на паркови

  • Хортикултурно уредување на јавни зелени површини
  • Редовно наводнување на зелени површини
  • Редовно одржување на зеленилото покрај сообраќајниците
  • Одржување на улиците во зимски услови
  • Врши и други работи кои што ќе му бидат доверени од Директорот на претпријатието

2. (1) извршител за работното место Работник за собирање на отпад во Административно стручна служба – Оддел за собирање и транспортирање на комунален цврст отпад,  шифра на работно место КДР/03/05/В02/021, во подгрупата даватели на јавна услуга, со основно образование, со или без работно искуство, на неопределено време.

Работни цели

      –      Собирање на комунален отпад

Работни задачи и обврски

  • Собирање на комунален отпад
  • Транспортирање на канти за комунален отпад во близина на возилото за прибирање и транспортирање на отпад
  • Помагање во депонирање на отпад во депонија
  • Утовар на комунален отпад
  • Врши и други работи кои што ќе му бидат доверени од Директорот на претпријатието

Огласот се објавува поради зголемен обем на работа на ЈКП Сопиште.

За работното место под реден број 1 (еден) „ Одржувач на паркови и зеленила“ дневното работно време е од 8 часа, неделно од 40 часа од понеделник до петок од 07 часот до 15 часот. Осовна нето плата изнесува 15.566,00 денари плус додаток на минат труд по 0,5%  за секоја година работен стаж.

За работното место под реден број 2 (два) „ Работник за собирање на отпад “ дневното работно време е од 8 часа, неделно од 40 часа од понеделник до петок од 07 часот до 15 часот. Осовна нето плата изнесува 13.550,00 денари плус додаток на минат труд по 0,5%  за секоја година работен стаж.

Кандидатите е потребно да ги исполнуваат следните општи услови:

  • Да е државјанин на Република Македонија
  • Активно да го користи македонскиот јазик
  • Да е полнолетен
  • Да има општа здравствена способност за работното место и
  • Со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Покрај општите услови кандидатите треба да ги исполнуваат и следните посебни услови:

  • Да има соодветни стручни квалификации за работното место доколку е предвидено
  • Да има соодветно работно искуство потребно за работното место доколку е предвидено
  • Да поседува посебни работни компетенции потребни за работното место

Заинтересираните кандидати треба да ги достават следните документи за исполнување на потребните услови за работното место во оригинал или копија заверена на нотар:

  • Уверение за државјанство
  • Извод од матична книга на родени
  • Доказ дека со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана на вршење професија, дејност или должност
  • Диплома за завршено соодветно образование
  • Потврда за работно искуство доколку се бара
  • Пополнета пријава објавена на веб страната на Општина Сопиште или подигната во просториите на ЈКП Сопиште.

Постапката за селекција за вработување на давателите на услуги во Јавото претпријатие  се состои од проверка на внесените податоци во пријавата за вработување, со условите утврдени во јавниот оглас, проверка на приложената документација кон пријавата и интервју.

Огласот трае 15 (петнаесет) дена, сметано од денот на објавувањето на огласот во дневниот печат во три дневни весници од кои еден од весниците што се издаваат на Јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кои зборуваат службен јазик, различен од македонскиот.

Напомена: Согласно годишниот план за вработување на ЈКП Сопиште за 2019 година, предвидени вработувања се: Албанец(ка) 2.

Мислење до директорот за избор на кандидати по овој оглас ќе даде Комисијата а селекција, а конечна одлука за избор ќе донесе Директорот на јавното претпријатие во законски предвидениот рок.

Заинтересираните кандидати пријавите со сите потребни документи треба да ги достават на адреса: ЈКП Сопиште, ул. 2 бр. 2, 1054 Ракотинци, Скопје – лично или преку пошта.

ЈКП Сопиште
В.Д. Директор
Сашо Јовевски


Во прилог е пријавата за пополнување, преземете ја тука:
Пријава оглас бр.01-2019