ЈАВЕН ПОВИК

798
0
SHARE

Врз основа на член 8 од Законот за финансиска поддршка на единиците на локалната самоуправа и единки корисници основани од единиците на локалната самоуправа за финансирање на доспеани, а неплатени обврски (”Службен весник на РМ” бр.209/18), Градоначалникот на Општина Сопиште објавува

ЈАВЕН ПОВИК

до доверителите на Општина Сопиште и доверителите на единките корисници основани од Општина Сопиште од областа на образованието за пријавување на доспеани, а неплатени побарувања

Се повикуваат доверителите на Општина Сопиште и доверителите на единките корисници основани од Општина Сопиште од областа на образованието да ги пријават доспеаните а неплатени побарувања.

Рокот за пријавување на побарувањата е 8 (осум) работни дена од денот на објавувањето на Jавниот повик. Денот на објавување на Јавниот повик не се засметува во рокот.

Право на пријавување на побарување имаат доверителите за побарувања доспеани до 30.09.2018 година, евидентирани во Електронскиот систем за пријавување и евиденција на обврските.

Со пријавата, доверителите се должни да ја достават и следната документација:

  • Договор или друг акт од каде произлегува побарувањето помеѓу Општина Сопиште и доверителот
  • Фактура/ Ситуација за задолжувањето (аналитичка картица).

Документација целосно пополнета се доставува во оригинал или копија. Доколку документацијата се доставува во копија, веродостојноста на секоја страница подносителот на барањето ја потврдува со свој потпис и печат.

Пријавата за побарување за пријавување на Јавниот повик, подносителите може да ја подигнат од писарницата на општината или да ја превземат од web страната на Општина Сопиште www.opstinasopiste.gov.mk

  1. Рок и начин на доставување на пријавите

Рокот за поднесување на пријавите е 8 (осум) работни дена од денот на објавувањето на јавниот повик. Јавниот повик и обрасците „Пријава на побарување согласно Јавен Повик до доверителите на Општина Сопиште и доверителите на единките корисници основани од Општина Сопиште од областа на образованието ” ќе бидат објавени и на web странaта на Општина Сопиште.

Пријавата со потребната документација да се достави преку пошта со препорачана пратка или лично во архивата на Општина Сопиште (од 08:00 до 16:00 часот секој работен ден), на ул.„2“ бр.2, с. Сопиште, Скопје.

Пријавите со потребната документација примени по истекот на рокот, нема да бидат земени во предвид.

Подетални информации, заинтересираните правни субјекти можат да добијат на телефонскиот број 02/2785-106 – Одделение за финансиски прашања, или на електронската адреса: info@opstinasopiste.gov.mk .

По завршувањето на Јавниот повик, Општина Сопиште во рок од 8 дена ќе ги разгледува пристигнатите пријави, а Градоначалникот на Општина Сопиште ќе постапи во согласност со Законот за финансиска поддршка на единиците на локалната самоуправа и единки корисници основани од единиците на локалната самоуправа за финансирање на доспеани, а неплатени обврски (”Службен весник на РМ” бр.209/18).

ОПШТИНА СОПИШТЕ
ГРАДОНАЧАЛНИК
Стефче Трпковски

Javen povik