Повик за поднесување на понуди (ППП)

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ПРОЕКТ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ОПШТИНСКИТЕ УСЛУГИ (MSIP)

MSIP-IPA-NCB-76-18-1

 

  1. Овој Повик за поднесување на понуди ја следи општата објава за набавки за овој проект објавена во изданието на UN Development Business со бр. 767 од 31 јануари, 2010 година (печатено издание) и електронски објавена на 06 јануари, 2010 година.
  1. Република Македонија доби кредит од Европската комисија во рамките на ИПА фондот за рурални инвестиции на Европската комисија за реконструкција и развој за Проектот за подобрување на општински услугите (МСИП) и има намера дел од добиените средства од овој Кредит да ги искористи за исплата по договор за – Набавка на мебел и опрема за градинка во с. Сопиште, општина Сопиште.
  1. Општина Сопиште ги повикува соодветните и квалификувани Понудувачи за набавка мебел и опрема за градинка во с. Сопиште, општина Сопиште.
  1. Поднесувањето понуди ќе се спроведе преку процедури за национално конкурентно наддавање како што е специфицирано во Упатството на Светска банка: Набавка со средства добиени од IBRD Заеми и IDA Кредити, (од мај 2004 година, ревидирано во октомври 2006 година и мај 2010 година), и е отворен за сите Понудувачи од квалификуваните држави како што е дефинирано во тендерската документација.
  1. Заинтересираните Понудувачи може да добијат дополнителни информации од:

Општина Сопиште и да извршат увид во тендерската документација на наведената адреса од 08:00 до 16:00 часот.

  1. Потребните квалификации вклучуваат: 
  • Финансиска способност:

Понудувачот треба да достави документиран доказ дека ги исполнува следниве финансиски услови: годишен обрт од најмалку 75.000,00 ЕУР во било која од последните три години. Доколку Понудувачот е во форма на Заедничко вложување (ЗВ), сите членови на ЗВ треба заедно да  ги исполнуваат горенаведените услови за квалификација. Главниот носител треба да исполнува најмалку шеесет проценти од горенаведените  квалификациски услови.

  • Искуство и технички капацитет

Понудувачот треба да достави референтна листа за успешно спроведени договори во последните пет (5) години, не помалку од два (2), за набавка и поставување на добра/мебел, слично на предметот на овој договор, со вкупна вредност по договор не помалку од 100.000 ЕУР.Ако Понудувачот е Заедничко вложување (ЗВ), сите членови треба заеднички да ги исполнуваат сите квалификациски услови и секој од членовите од ЗВ треба да има најмалку еден успешно спроведен договор во последните пет (5) години, договорите треба да бидат согласно горенаведеното.

  • Понудувачот треба да достави документиран доказ со кој ќе покаже дека стоката која ја нуди ги исполнува следниве услови за употреба: 

Понудувачот ќе достави технички карактеристики во согласност со бараните технички карактеристики-спецификации на понудените добра како и каталози и фотографии.

Заинтересираните Понудувачи може да ја купат комплетната тендерска документација по поднесување на писмена апликација на адресата дадена подолу:

Општина Сопиште, Адреса: ул.2 бр.2 с. Сопиште, Скопје, Поштенски број: 1054 Скопје, Република Македонија и по плаќањето на неповратна такса од  1,000.00 МКД. Методот на плаќање ќе биде преку ПП50 образец, на следнава сметка

За плаќања во МКД – број на сметка 

Народна банка на Република Македонија – број на сметка 100 000000063095

Уплатна сметка – 764014114963015

Приходна шифра и програма –724125 00

Понудите треба да бидат доставени на долунаведената адреса:

Адреса: Општина Сопиште, ул.2 бр. 2 с. Сопиште, 1054,Скопје,Р.Македонија.

не подоцна од:

                          12:00 попладне 31/08/2018

Сите понуди мора да бидат придружени со гаранција на понудата во износ од 40,000.00 МКД

Задоцнетите понуди ќе бидат одбиени. Понудите ќе бидат отворени во присуство на претставници на понудувачите кои ќе решат да присуствуваат на адресата наведена подолу:

Адреса: Општина Сопиште, ул. 2 бр. 2 с. Сопиште, 1054,Скопје ,Р. Македонија.

Сала за состаноци

Поштенски број: 1054 Скопје

Република Македонија

12:00 попладне 31/08/2018